-->
-->
Иницијатива од ГРОМ Куманово за спомен обележје за загинатите полицајци во „Диво насеље“
-->
Општинската организација на ГРОМ од Куманово денеска најави дека ќе поднесе иницијатива до Советот на општината за поставување спомен обележје во чест на осумте припадници на МВР кои загинаа на 9 мај минатата година во „Диво насеље“ Куманово.
Иницијативата ќе ја поднесе советникот од оваа партија во Советот, бидејќи, објасни Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ Куманово, ова е единствен орган кој може да донесе одлука по однос на иницјативата.
Од ГРОМ потестија дека претседателот на државата постхумно ги одликуваше осумината припадници на МВР кои загинаа на 9 мај при антитерористичката акција во кумановско „Диво Насеље“.
- Ова спомен обележје ќе ја симболизира желбата на сите нас за мир, слобода и соживот, на сите граѓани кои живеат во Република Македонија. Ќе придонесе да им се поклониме на 8-те херои и да искажеме сочувство и почит кон нивните семејства. Но, ова спомен обележје ќе претставува симбол на гордоста и одлучноста во битката за нашата земја и државата, изјави Цветковска.
Од ГРОМ нагласија дека спомен обележјето ќе ги потсетува идните поколенија на храброста на нашиот народ, но и ќе порачува дека на иста пречка ќе наиде секој кој ќе се осмели да ја загрози безбедноста, територијата, интегритетот и суверенитетот на Република Макеоднија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит