-->
-->
Иницијатива на ЕУ и ОН за ставање крај на насилството врз жените на Западен Балкан и Турција
-->
Европската унија и Ентитетот на Обединетите нации за родова рамноправност и зајакнување на жените (ООН Жени), денеска во Брисел ја покренаа тригодишната регионална иницијатива за ставање крај на дискриминацијата и насилството над жените во шест балкански држави (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) и во Турција.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, програмата „Имплементирање на норми за промена на мислењето“, како проект тежок пет милиони евра има за цел да се направи напор во рамките на „Годината за ставање на крај на насилството над жените“ на партнерството на ЕУ и ООН Жени со цел засилување и заштита на правата на жените и на девојките.
Во рамки на Постојната мисија на Естонија во Унијата, како земја-претседавач со Советот на ЕУ, денешниот настан ги собра претставниците на Европската унија, на Обединетите нации, на владите на шесте балкански држави плус Турција и на нивните општества, но и претставници на Советот на Европа, Европскиот институт за родова еднаквост и на ОБСЕ, за да се направи пробив во овозможување на елиминаицјата на дискриминацијата и насилството над жените.
- Во рамки на Годината за ставање крај на насилството над жените на Европската унија, Европската комисија во партнерство со Обединетите нации ги засили напорите во борбата против насилството над жените во земјите на Западниот Балкан и во Турција. Ќе работиме во поддршка на националните влади и граѓански општества за да се забрза заштитата, превенцијата и одговорот на насилството над жените, изјави Џеновева Руис Калавера, директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за европско соседство и преговори за проширување на Еврокомисијата.
Од Република Македонија, претставник на овој настан беше Елена Грозданова, државен советник за родова еднаквост при Министерството за труд и социјална политика. Во изјава за МИА по настанот, таа истакна дека Владата на Република Македонија, со фактот дека веќе е ставена во владина програма како следна активност и ратификацијата на Конвенцијата за борба против насилство врз жените, вклучително и домашното насилство (популарно наречена „Истанбулска конвенција“), покажала дека е отворена за соработка и имплементирање на сите норми и стандарди што се дел од оваа Конвенција.
Според советничката од македонското министерство, ова претставува еден вид регионален документ што треба да ја унапреди и соработката на регионално ниво, да ги унифицира активностите, механизмите што ќе се преземат во наредниот период за превенција и заштита од овој вид на насилство врз жените, особено на родово-базираното насилство и дека во овој контекст, денешната конференција во Брисел е многу важна за Република Македонија.
- Македонија е една од државите што се кориснички и учеснички на овој голем проект што е поддржан од Европската унија, а го спроведува регионалната канцеларија на Обединетите нации во Истанбул. Ние како држава можеме да се пофалиме дека имаме солидна база од аспект на регулативата, на воспоставените механизми, но за жал, во пракса, мора да се признае дека многу тешко тие се спроведуваат. Па, така, искуствата од државите што веќе ја имаат ратификувано оваа конвенција и кои веќе имаат имплементирано дел од стандардите од оваа Конвенција, тие за ќе бидат многу важни, бидејќи можеме да научиме од нив за евентуално да ги избегнеме грешките што тие ги имаат направено, посочи Елена Грозданова во изјава за МИА.
Според Грозданова, во исто време, затоа што како држави од Западен Балкан плус Турција имаме многу заеднички работи, во исто време и исти и различни, единствена цел е да се превенира насилството врз жените, вклучително и семејното насилство и да им се помогне на жртвите на овој вид на насилство. Исто така и гонењето и казнувањето на сторителите, како и работата со нив е многу важен елемент и стандард од оваа Конвенција која е дел од овој проект.
Советничката од македонското Министерството за труд и социјална политика, вели дека се спроведува еден вид широка лепеза на многу различни активности што треба да се спроведат. Но, според Грозданова, целта на оваа конференција е тие да се унифицираат колку што е можно повеќе, за на крајот да се имаат квалитетни механизми што ќе се справат со овој вид на насилство.
- Во исто време, нас како држава ќе ни помогне сето ова и за спроведување на активност што исто така е дел од Владината програма и пред се на Министерството за труд и социјална политика, а тоа е подготовка на изработна на закон за борба против родово-базирано насилство, што исто така е дел од стратешката програма на секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика, вели советничката Елена Грозданова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата
-
Трамп го честиташе Денот на благодарност и на „радикално левите лудаци“
-
Путин: Не мислам дека Трамп е сигурен - во историјата на САД имало различни инциденти
-
Николоски: Се работи на План за рационализација во Пошта од 1900 на 1400 вработени
-
Во Тетово при претрес пронајден кокаин, приведен 35-годишен тетовец
-
Бектеши: Индивидуалните акти ги осудуваме и сакаме да дадеме позитивни пораки за зацврстување на меѓуетничките односи