“Информер.рс”: Дали американската ТВ Н1 повикува на крвопролевање на Балканот?
Американската ЦИА телевизија Н1 успеа на текстот кој е објавен на нивниот портал под наслов „Какви се ефектите на балканската граѓанска пролет“ да се демантира сама себе. Со овој текст директно повика на „балканска пролет“ по пример на „арапската“, која на сите им е добро позната како се заврши! Повикуваат ли они на крвопролевање, или посакуваат премиерот Александар Вучиќ да ја доживее судбината на Гадафи?, пишува српски Информер.
Во текстот се наведува дека, цитираме: „Бран од масовни граѓански протести, изминатите месеци и недели го потресе регионот- Србија, Хрватска, Македонија“. Паралелно со овие тврдења, американската телевизија изврши серија вербални напади на дневниот весник Информер, кој веќе со денови укажува на фактот дека западните инстанци се заинтересирани за предизвикување хаос во Србија, додава Информер.рс.
-Свирки, транспаренти и балони, луѓе обединети во различни интереси. Граѓаните на Србија три пати излегоа поради рушењето во Савамала, два пати поради промената на јавниот сервис на Војводина.
Поканите, и во двата случаи, не се упатени од политички партии. Дали тоа е исклучиво граѓанско незадоволство или е во прашање нов политички активизам?
На крајот на текстот американската телевизија констатира: „Балканската пролет ова лето е на раскрсница помеѓу потрошените политички идеи и новата раѓанска енергија. Кој пат е вистинскиот?“
По сите овие контрадикторни информации кои ги изнесе телевизијата Н1, се поставува логичното прашање дали повикуваат на крвопролевање, дали премиерот Александар Вучиќ посакува судбина каква што имаше Гадафи?
Крајно симптоматично е тоа што во моментот кога Србија тргна „напред“ кога се поголем број на инвеститори сака да влезе во земјата, кога невработеноста од ден за ден се смалува, а куповната моќ расте, Западните сили сакаат тоа да го блокираат. Очигледно, некому му смета јаката и успешна Србија, пишува Информер.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис