Информативна точка за поголема вклученост на граѓаните во изготвување на буџетите
Во просториите на општина Крива Паланка вчера беше отворено информативно катче за зголемување на свеста на локалното население за нивното вклучување во процесот на изготвување на буџетот на општинско ниво.
Отворањето на ова катче е во рамки на активноста „Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините“ спроведувана од мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
На отворањето присуствуваа претставници на општините и претставници на мрежата ФИСКАСТ, кои со заинтересираните граѓани дискутираа за начините за нивно вклучување во креирањето на локалниот буџет.
Јорданчо Миневски, претставник на мрежата ФИСКАСТ истакна: „Учеството на граѓаните во процесот на изготвување на буџетот на нивната општина е од важно значење за креирање буџет согласно потребите на локалната заедница.
– Целта на ова информативно катче е токму тоа: да ги запознае жителите на Кавадарци со можностите за нивно учество во овој процес и да ги информира граѓаните за поврзаноста помеѓу трошењето на буџетските средства и квалитетот на живот во нивната општина, рече Миневски.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите