Инфоден и работилница за програмата Креативна Европа - потпрограма Култура
Инфоден и работилница за програмата Креативна Европа - потпрограма Култура денеска во НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе организираат канцелариите на оваа програма при Министерството за култура на РМ и на Кралството Белгија.
Ќе биде претставено белгиското искуство и два успешни проекта поддржани од Креативна Европа (Блекборд музички проект на Музичка младина на Македонија и поетската платформа „Версополис“ на НУ Струшки вечери на поезијата).
Настанот ќе го отворат претставниците на канцелариите за Креативна Европа - Култура од Македонија и Белгија, Билјана Прентоска и Гудрун Хејманс.
Во втората сесија од инфоденот ќе има работилница наменета за заинтересираните учесници, со цел да се подготват за претстојниот повик за аплицирање за категоријата „Проекти за соработка“. Апликациите до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија треба да бидат доставени до 5 октомври 2016.
- Ова е прв заеднички јавен настан на двете национални канцеларии чија цел, меѓу другото, е да ја зајакне соработката меѓу културните оператори од двете земји во рамки на европската културна соработка, информира Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче