Инфлацијата во САД највисока од 1991 година

Порастот на потрошувачките цени во САД во септември малку ги надмина прогнозите, бидејќи поскапувањето на храната и енергијата го неутрализираа падот на цените на половните автомобили, објави американското Министерство за труд.
Инфлацијата се зголеми за 0,4 проценти на месечно ниво во септември, достигнувајќи 5,4 проценти на годишно ниво, што е највисоко ниво од јануари 1991 година.
Аналитичарите на Доу Џонс прогнозираа месечен раст на инфлацијата од 0,3 проценти и меѓугодишен од 5,3 проценти.Основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, се зголеми во септември за 0,2 проценти во споредба со претходниот месец, додека во однос на септември 2020 година, се зголеми за 4,0 проценти.
Овој пораст на инфлацијата се должи на порастот на цените на бензините од 1,2 проценти минатиот месец во споредба со август, со што цената на тоа гориво достигна 42,1 проценти во споредба со истиот месец минатата година.
Цената на мазутот се зголеми за 3,9 проценти и е повисока за 42,6 проценти во споредба со претходната година.
Значителен раст минатиот месец е забележан и во цените на храната, при што намирниците за подготовка на оброци дома се зголемија за 1,2 проценти.
Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека ФЕД и другите водечки централни банки треба да подготват планови во случај инфлацијата да се покаже како поупорна од проценетата.
Ново на Сител
-

Во Чешка разбиена криминална група која шверцувала кокаин во торти
-

Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција
-

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
