Бизнис
7. October 2022 - 16:45

Инфлацијата достигна 18,7% во септември, мерки за помош на граѓаните следната недела

Инфлацијата со нов рекорд, трошоците за живот растат.

Нов рекорд на инфлацијата. Во септември измерени  18,7% во споредба со истиот месец лани. Поскапело речиси се. Најмногу, скоро 30 отсто храната и безалкохолните пијалоци. За една година цената на лебот и житата  двојно се зголемила, маслата и мастите 45 отсто,  млекото, сирењата и јајцата 36 , месото  26 отсто. Порастот на цената на енергесните на светките берзи се одрази и кај нас. Гориавата  годишно белажат пораст за 50%, гасот 34, топлинската енергија 30, електричната над 20%. Поскапувањата ја зголемија и потрошувачката кошница.  Синдикатот пресмета дека на едно 4 члено семејство месечно му се потребни над  42 илјади денри и само за да ги задоволи основните потреби. Со вклучената инфлација сумата надминува 50 илјади денари. Скоро половина од парите, или речиси 19,000 денари на домаќинствата им оди за храна,  а над 15 илјади за плаќање сметки и хигиена во домот.

Бројките покажуваат дека преземените мерки за замрзнати маржи немаат ефект. Цените и натаму растат.. Неопхопдна е помош за граѓаните. Министерката за труд вети – до вторник ќе биде објавена. Во игра се или ваучери за купување храна или директно ќе се префрлаат пари на сметка кај најзагрозените

Експерите алармираат дека се неопходни други мерки. Предлагаат замрзнување на цените на основните прехранбени производи,  а не на маржите на трговците.  Во регионот вакви мерки веќе се применуваат , а Извештајот на агенциајат за земјоделство при Обединетите нации – ФАО денеска објави  дека  6 ти месец по ред цените на основните прехранбени производи  во светот бележат пад.