Индустриското производство во јуни поголемо за 12,1 отсто
Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани е поголемо за 12,1 отсто. Во периодот јануари – јуни 2018, пак, во споредба со истиот период минатата година има пораст од пет отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни годинава во однос на јуни 2017-та бележи опаѓање од 4,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 14,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 16,3 проценти.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 12,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 13,5 проценти, Капитални производи за 34,2 и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 20,1 отсто.
Ново на Сител
-
Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување
-
Пулмологија преполна – грипот предизвика сериозни компликации кај хронични пациенти
-
„Градски превоз“ за почеток ќе користи стари реконструирани возови - инфраструктурата може да се користи
-
Владата одлучи за разрешување на државниот обвинител Коцевски
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнаа преговори Русија – САД во Ријад
-
Разрешувањето на Коцевски денеска на Влада, Наташа Крстевска Цалева поднесе оставка од раководител на Вишо јавно обвинителство
-
СДСМ ја повика власта да ги поддржи законите за подобрување на животниот стандард на граѓаните