Индонезијците бараат борба против корупцијата и човекови права
Еден ден пред одбележувањето на годишнината од како сегашниот претседател на Индонезија, Јоко Видодо и потпретседателот Јусуф Кала положија свечени заклетви, медиумите на оваа 256-милионска држава оценуваат дека сегашните главни личности максимално ги исполнуваат ветувањата за економски развој, особено на амбициозните инфраструктурни проекти, но дека тие и тимовите што се под нивна контрола подзаборавиле на ветувањата за сузбивање на корупцијата и подобрување на човековите права.
Дури и официјалната новинска агенција Антара објави интервју со директорот на институтот за политички студии во Џакарта, Хендарди, кој говорејќи за тимот на седмиот индонезиски претседател оцени дека Видодо се уште нема воспоставено систем на водење на државата кој од него се очекувал.
Основната причина за тоа Хендарди гледа во поттурнувањето на Антикорупциската комисија на втор план, особено поради тоа што Видодо не застанал во одбрана на нејзиниот сменет претседател кого полицијата го прогласи за „сомнителен“, а од тоа испадна фарса.
Угледниот аналитичар потсетува дека во последните пет години пред доаѓањето на Видодо на власт пет министри и над 100 големи бизнисмени одговарале за корупција, а од октомври минатата година корупцијата, најголемиот проблем во Индонезија, како појава е скриена под тепих.
Влијателниот весник „Џакарта Пост“, кој не крие дека со уредувачката политики го поддржува сегашниот претседател, денеска пишува дека Видодо подзаборавил и на ветувањата за унапредување на човековите права.
Ако не Јоко Видодо лично, тогаш неговиот министер за правда и екипата со која раководи покажале дека членовите и активистите на победничката Демократска партија пред законите имаат повеќе права од другите.
Индонезија очекува дека утре, пред Парламентот и нацијата претседателот Јоко Видодо ќе каже многу повеќе за темите за кои е подложен на критиките на јавноста.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет
-
Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Зеленски: Руското застапување за Иран покажува потреба од построги санкции