Инцидент во Шуто Оризари- возило удрило во полициски службеници
Инцидент во скопската населба Шуто Оризари, полициски службеници прегазни за време на својата работна должност. Според информациите на МВР, вчера околу 20:00 часот на пазарот „Европа“ во населба Шуто Оризари, шест полициски службеници од Полициската станица Чаир преземале мерки и активности со цел нормално одвивање на сообраќајот околу пазарот, каде што имало организиран панаѓур.
Но, при извршување на задачите биле омаловажувани од непознато лице кое управувало патничко возило со скопски регистарски ознаки. При обид да го легитимираат, лицето го стартувало возилото и во два наврати со предниот дел удрило во полициските службеници.
После тоа, излегло од возилото и со група непознати лица физички ги нападнале полициските службеници.
Три лица се лишени од слобода и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот