Инцидент во Мала Речица - пукање среде бел ден
Инцидент се случил во тетовското село Мала Речица, тројца тетовчани при расправија почнале да ги вадат пиштолите и да пукаат.
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Б.М. (27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ и против Д.М.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство”.
- На 06.06.2018 година околу 13,10 часот во село Мала Речица-тетовско првопријавениот, поради претходна вербална расправија со К.Р. (35) од село Нераште, вперил пиштол кон истиот, при што испукал еден куршум во близина на неговите нозе. Потоа, пријавените физички го нападнале оштетениот, по што од страна на лице присутно на местото на настанот била повикана полиција, а сторителите избегале. К.Р. бил пренесен во Клиничката Болница во Тетово, стои во соопштението на МВР.
Од страна на увидна екипа од СВР Тетово бил извршен увид и на местото на настанот била пронајдена една чаура од пиштолска муниција и фрагменти од испукан проектил.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување