Имунизацијата како услов за укинување на превентивните мерки
Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19, но се уште единствен начин за излез од пандемијата и укинување на превентивните како носење маски, дезинфекција и дистанца, е зголемување на процентот на имунизација на населението.
Според министерот за здравство Беким Сали со ова темпо на имунизација, државата ќе се најде во ситуација пандемијата во светот да заврши, а кај нас да продолжи уште некој месец, со оглед дека во Данска и Велика Британија кои ги укинуваат мерките имаат процентот на вакцинација од 86, а во Италија – 91 отсто, додека кај нас е 41 процент.
– Вакцини има и се безбедни. Низ државата има околу 40 вакцинални пунктови и доволно е граѓаните само да пристапат и се вакцинираат, изјави вчера Сали.
Според министерот за здравство Беким Сали, иако сме во преговори со „Фајзер“ не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.
– Изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме кон преговори за набавка на лекот, но кога ќе биде тоа не можам да прецизирам. Изразивме интерес и пристапивме конкретно кон следна фаза на преговори и договор за набавка, изјави вечерва Сали во гостувањето на телевизија Канал 5.
Досега во земјата вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 282.147. Бројот на оздравени пациенти е 261.741, а на починати 8.658. Бројот на активни случаи изнесува 11.748.
Според податоците од Министерството за здравство во последните 24 часа регистрирани се 1.554 нови случаи на Ковид-19, од кои околу 13 проценти или 216 се реинфекции. Истовремено, оздравени се 1.843 пациенти и пријавени се 34 починати лица.
Од вкупно починатите 34 лица, половината или 18 се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи или 55 проценти се во во Скопје – 6 456.
Потоа следат Битола – 584, Куманово – 537, Кавадарци – 511, Тетово – 449, Велес – 348, Прилеп – 337, Охрид – 278, Струмица – 277, Гостивар – 290, Неготино – 174, Гевгелија – 170, Кочани – 147, Штип – 147, Кичево – 138, Радовиш – 111, Струга – 104, Валандово – 97, Свети Николе – 85, Ресен – 72, Делчево и Богданци по 67, Крива Паланка – 62, Дебар – 33, Виница – 31, Кратово – 30, Демир Хисар – 27, Македонски Брод – 24, Берово – 22, Демир Капија – 19, Македонска Каменица – 14, Крушево – 12, Пробиштип и Пехчево по 11 и Дојран шест активни.
Околу една третина од населението во Европа се уште не е вакцинирано против Ковид-19, а Бугарија е на последно место според тој индикатор, ова вчера го нагласи Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Амон учествува на онлајн семинарот „Научниот одговор на Европската унија на дезинформациите за КОВИД-19“, организиран од Претставништвото на Европската комисија во Бугарија.
Според неа, потребни се заеднички напори за да се зголеми опфатот со вакцинација.
– За време на пандемијата, обезбедуваме научни информации и докази за вакцините што можат да ги користат сите земји, а научните информации ги правиме што е можно поразбирливи, додаде Амон.
Емери Кук, извршен директор на Европската агенција за лекови, рече дека вакцините, особено бустер дозите, се многу ефикасни, особено за полесна прогресија на болеста и помалку хоспитализирани.
Во меѓувреме, како што јави дописникот на МИА од Белград, директорот на рускиот истражувачки институт „Гамалеја“ Александар Гинцбург изјави дека се водат разговори за почеток на производство на вакцина против коронавирус „Спутник лајт“ во Србија, но дека е рано да се откриваат детали. Тој истакна дека „Спутник Лајт“ е еднокомпонентна верзија на вакцината Спутник V и е препознаена како „универзален засилувач“ на другите вакцини што може да се помогне во постигнувањето на посилен и подолготрајен имунитет.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија