Има надеж за малото ангелче Елеонора од Крива Паланка: ФЗОМ понуди помош
Фондот за здравствено осигурување ќе помогне доколку е потребно натамошно лекување на малата Елеонора Стојановска која за жал има спида бифида, односно деформитет на 'рбетниот столб, кој предизвикал тежок инвалидитет. Од таму за Телеграф.мк изјавуваат дека ќе се помогне на малото девојченце од Крива Паланка
- Би сакале да ве известиме дека нашиот тим го контактираше семејството и објаснета им е постапката за лекување во странство. Од семејството рекоа дека доколку е потребно понатамошно лекување, а воедно и лекување на странство, ќе го контактираат ФЗОМ - велат од Фондот за Телеграф.
Лекарите треба да одлучат дали треба да се прави операција, и дали тука или во странство.
Семејството на девојчето побара помош за да соберат околу 5.000 евра, онолку колку приближно би чинела операцијата во приватна болница. Помош секако е потребна, бидејќи не се вработени ни таткото ни мајката.
Повеќе на сторијата на Телеграф.мк
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит