Илјадници здравствени работници во Шпанија протестираа против приватизација на здравството
Илјадници здравствени работници вчера излегоа на улиците на шпанските градови за да изразат несогласување со идејата за приватизација на јавното здравство и побараа подобри услови за работа. Тие воедно им оддадоа почит на колегите кои починаа од коронавирус поради недоволна заштитна опрема.
Во бели мантили, со маски на лицето и одржување на растојание од метар и пол, демонстрантите се собраа на главниот плоштад во Мадрид, Пуерта дел Сол.
– Државната администрација нè потценува и понижува, рече Џулијан Езкера, претседател на синдикатот на лекарите во Мадрид. Во Барселона стотици во бели мантили излегоа на улиците на повикот на платформата „бела плима“, собирајќи се пред зградата на регионалната каталонска влада. Тие побараа повисоки плати, подобри услови за работа и се спротивставија на препуштање на здравствените услуги на надворешни приватни компании. Тие предупредија дека кризата со коронавирус го направи јавниот здравствен систем уште покревок.
Во Шпанија секој петти пациент, заразен со коронавирус, е здравствен работник.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза