Илјадници муслимани преминуваат во Христијанство поради радикалниот исламизам
На Блискиот Исток постојано расте бројката на обратени муслимани кон христијанство. Луѓето инсистираат на промена на верата на радикалниот исламски фундаментализам, којшто цути во регионот.
Како што соопштува Christianpost и канадската радиодифузна компанија Voice Of the Martyrs, без оглед на заминувањето на христијанското население од Ирак и Сирија поради тероризмот, многу илјадници муслимани се обраќаат во христијанство.
„Ние сме во соработка и постојан контакт со локалните радиостаници во Ирак и општиме со големо мнозинство луѓе кои живеат во земјите на Блискиот Исток. Нашите слушатели постојано ни соопштуваат за нови случаи на обраќање во христијанство – како свое сопствено, така и на своите соседи и роднини“, соопшти претставникот на канадската радиодифузна компанија Voice Of the Martyrs.
Бројот на Христијани во Иран, според проценката на мисионерската група Elam Ministries, достигнува не помалку од 360 илјади луѓе.
„Се очекува во следните неколку години бројот на верниците во Христа да достигне неколку милиони – толку е голема духовната глад како резултат на паѓањето на илузиите поради крвавото владеење на радикалниот исламски режим“, соопшти претставникот на мисијата Elam Ministries.
Извор: Православие.ру
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола