-->
-->
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-->
– Десетици илјади домови и деловни објекти во Ирска се без струја и вода поради екстремниот студ што ја зафати целата земја, јави ДПА.
Ниските температури предизвикаа затворање на училишта, ограничувања во јавниот транспорт и откажување на здравствени услуги.
Ирската електродистрибуција (ESB) соопшти дека 41,000 корисници се без електрична енергија и дека може да бидат потребни денови за целосно обновување на снабдувањето.
Ирската водоводна служба информира дека приближно ист број лица немаат вода поради обилните снежни врнежи во југозападниот дел на земјата.
Метеоролозите најавуваат уште поладни ноќи со температури до -8°C, а метео-алармот за ниски температури е во сила до четврток.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис