Loading Video...
Кошарка
1. August 2019 - 15:09

„Илинденска битка“ на македонските јуниор во четвртфиналето на Евробаскетот

Празнично утре очекуваме и добри вести од Романија, каде јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе го игра засега најзначајниот натпревар на Европскиот шампионат.   „Илинденска битка“ ги очекува македонските јуниор во четвртфиналето на Евробаскетот, за кошаркари до 18 години, што се одржува во Ородеа, Романија. 
 
Петте победи во исто толку одиграни натпревари се веќе минато и само добра епизода за избраниците на селекторот Тони Симиќ. 
 
Сега пред нив се вистинските предизвици. Првиот е Естонија. 
 
Естонците ќе бидат противници на нашите јуниори кои веруваат во своите квалитети и ќе се борат за шансата наречена полуфинале, а со тоа и можноста да обезбедат пласман во елитното друштво односно „А дивизијата“ на континенталниот шампионат догодина. 
 
Тимскиот, а не индивидуален карактер е одлика на овој тим, па со голема борба против Естонците, целта ќе биде поблиску на дофат. Само со таков пристап, максимално ангажирање и вербата во нова победа, Симиќ и неговите избраници го користат денешниот слободен ден, во кој ќе биде анализиран противникот. 
 
Останува да веруваме во овие млади момчиња, кои веќе ја имаат поддршката од домашната јавност, па утре по мечот кој започнува од 17 часот и 30 минути, сите заедно да се израдуваме на победа. 
 
Доколку го минат четвртфиналето, во што веруваме сите заедно, тогаш македонските јуниори за противник во полуфиналето ќе го имаат подобриот од дуелот меѓу Израел и Шведска.