00:00           
00:00
 
00:00
         
 
 
Кошарка
20. October 2022 - 19:58

Илиевски: Со седум играчи дојдовме до значајна победа

Пелистер како дебитант во Втората АБА лига оствари две победи на турнирот на Златибор против ТФТ СКопје и синоќа против словечкиот Сенчур.  Тренерот на екипата Марјан Илиевски истакна дека тимот имал многу проблеми но сепак се надминал и остварил успех: 
„За мене, сепак, ова е гордост што ги победивме двата натпревари, иако беше невозможна мисија пред Златибор поради кратката ротација и сите проблеми, целта ни беше да го прикажеме најдобро што можеме и пред се да се вратиме здрави. Фала му на Бога, сите сме во добра здравествена состојба и радува сето тоа што го прикажавме како карактерна особина, пред се во одбраната. Заморот не стигна во третата четвртина, што беше очекувано поради кратката ротација, противникот ги казни нашите грешки со поени од транзиција. Имавме и проблеми со фаули, моравме да застанеме во зона и да ги заштитиме клучните играчи. Среќен сум затоа што мечот заврши вака и се надевам дека во иднина ќе продолжиме во ваков ритам и ќе добиеме симпатија од сите за она кое го играме и прикажуваме на терен“, изјави Илиевски по натпреварот.
 
Покрај над словенечки Шенчур, битолски Пелистер во АБА-2 славеше и во македонското дерби со ТФТ.