ИЈЗ: Со внимателен избор на храна може да се ужива во празниците без здравствени ризици
Институтот за јавно здравје препорачува за новогодишните и божиќните празници да се јаде умерено и да се избегнува преголема консумација на пржена, висококалорична и зачинета храна. Оттаму укажуваат и на штетните последици од употребата на пиротехничките средства.
- Со внимателен избор на храна и умереност, можеме да уживаме во празниците, а и по празниците, без дополнителни здравствени ризици, велат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Изборот на храна, како што нагласуваат, почнува во продавница, со „паметно купување“.
- „Клучот“ за здрав режим на исхрана е во умереноста. Не јадете сè на гозбите и забавите. Јадете полека. Јадете блиску до вообичаеното време. Не прескокнувајте оброци за да јадете за време на гозбата или забавата. Така ќе е потешко да го контролирате шеќерот во крвта, ќе бидете навистина гладни и веројатно, вечерта ќе се прејадете. Одберете овошје наместо грицки. Намалете ја количината на шеќер и не претерувајте со чоколадото, се само дел од советите на лекарите.
При изборот на месо, препорачуваат приоритет да се даде на белото месо, а да се ограничи употребата на црвено месо и да се конзумираат доволно зеленчук и свежи салати. Се препорачува и избегнување сол и засладени пијалаци.
- Во кафулиња, ресторани и слично, не нарачувате безалкохолни пијалаци и избегнувајте шлагови, преливи, сокови на растворување, сирупи и така натаму. Редовно носете со себе вода во стаклено шише. Не постои безбедно ниво на консумирање алкохол. Консумацијата на алкохол може да предизвика непосакувани состојби, а алкохолот е и многу калоричен. За лицата на возраст од 15 до 39 години, нема здравствени придобивки од пиењето алкохол, туку само здравствени ризици. Водата нека биде ваш прв избор. Ако ви недостасуваат газирани пијалаци, изберете газирана минерална вода без вкус - арома. Чај или домашно цеден сок без додаден шеќер. Имајте предвид дека, ништо од горенаведените пијалаци не се целосна замена за водата, туку може да заменат една порција, велат од ИЈЗ.
Од ИЈЗ укажуваат и на штетните последици од употребата на приротехнички средства.
- Повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали се тешки, претворајќи ги многу прослави и весели моменти, во несреќи. Најзасегнати се децата, старите лица и лицата со респираторни или срцеви заболувања. Краткорочното изложување на нус-продукти од употреба на пиротехника, може да влоши некоја постоечка белодробна болест или да предизвика астматичен напад. Кај луѓето со срцеви заболувања, краткотрајната изложеност на чад од употребата на пиротехмички средства може да се поврзе со срцев удар и аритмии, подвлекуваат од ИЈЗ, додавајќи дека чадот од употребата на пиротехничките материјали придонесува и за загадувањето на воздухот и дека од употребата на приротехничките средства страдаат и животните.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово