-->
-->
ИЈЗ: Регистрирани 535 заболени од грип
-->
Во текот на изминатата недела (од 14 јануари до 20 јануари) се регистрирани 535 заболени од грип, што е зголемување за 90,4 отсто споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 281 заболен од грип, се наведува во извештајот, што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.
Активноста на вирусот на грип, како што се посочува, е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.
Најголем број заболени (416) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 31 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (183) каде е регистрирана и највисока инциденца 152,8 на 100.000 жители.
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 2.230.
Изминатата недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 25 материјали за тестирање на грип, од кои седум (28 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – пет Influenza A(H1N1)pdm09, еден Influenza A(H3) и еден Influenza A несубтипизиран
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб