-->
-->
Играч на Шапекоенсе: Како преживеав!
-->
Бразилскиот фудбалер Алан Рушел (27) ја преживаа авионската несреќа во близина на Меделин, Колумбија, откри дека во последен момент го сменил местото во авионот.
На прес конфеенција, тој рекол дека директорот на клубот Каду Гаучо го замолил да се преврли напред, за во задниот дел да се сместат новинарите.
„Не сакав да се префрлам во предниот дел, но тогаш го видов Џексон Фолман и тој инсистираше да седнан до него“, им рекол Рушел на новинарите.
„Само Бог може да објасни зошто преживеав. Тој ме фати и ми пружи втора шанса“, дополнил фудбалерот.
Инаку несреќата ја преживеа и голманот Фолман, но него поради сериозноста на повредата лекарите му ампутираа една нога.
„Оваа трагедија не учи дека треба да продолжиме да живееме и да правиме добри работи за другите луѓе“.
Рушел дополнил дека не се сеќава на несреќата и дека кога луѓето му зборуваат за падот на авионот се му изгледа како кошмар.
Во авионската несреќа загинаа 18 играчи и тренерот на бразилскиот клуб Шапекоенсе, односно животите ги загубија 71 патник и членови на екипажот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рокас: Политичките сили да се обединат за донесување на уставните измени
-
Ѓорѓиев: Дијалог постои, нова средба со историчарите кон крај на година
-
Македонија и Бугарија се договорија за железницата - ќе се ревидира проектот и цената за изградба
-
Обвинителството ќе ги проверува сертификатите на директорот на АНБ
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани