Македонија
9. March 2018 - 12:52

Игор Спасов избегал од Идризово, убиецот на Нешковски

Игор Спасов, осуден на казна затвор од 14 години и шест месеци за убиството на Мартин Нешковски вчера побегнал од затворот Идризово. Се вратил сам околу 2 часот по полноќ во алкохолизирана состојба, пишува Досие.

Спасов во текот на вчерашниот ден противзаконски бил пренесе во отворениот дел од затворот Идризово од каде затворениците лесно можат да избегаат сами.

Истрагата ќе покаже кој го пренел Спасов во отворениот дел до затворот цели три години пред време.