Иџет Мемети избран за член на Советот на јавни обвинители
Пратениците со 61 глас „за“, без против и без воздржани на денешната седница ги избраа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски за членови на Советот на јавни обвинители.
Покрај народен правобранител, Иџет Мемети е и поранешен министер за правда и поранешен уставен судија, државен советник во Владата, како и член на Државната изборна комисија.
Адвокатот Љупчо Ивановски бил заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје, а бил и заменик на народниот правобранител. Од 2006 до денес работи како адвокат.
Советот на јавни обвинители е самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Советот има својство на правно лице и е составен од 11 члена, од кои четворица членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во државата.
Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Груби заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово
-
Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана 15-годишна девојка
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир
-
Тошковски: Ќе покажеме дека криминалот и насилството се неисплатливи во Македонија
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје