И потпретседателот на Боливија поднесе оставка

Потпретседателот на Боливија, Алваро Гарсија Линера, поднесе оставка, откако истото синоќа го стори и претседателот Ево Моралес.
„Поднесувам оставка на местото потпретседател“, наведе Линера во соопштение, пренесен од светските агенции.
Претседаелот Моралес под притисок на војската и повеќенеделните протести синоќа поднесе оставка, по речиси 14 години минати на власт. Тој оставката ја поднесе синоќа под растечкиот притисок од војската и јавноста по неговиот спорен реизбор на 20 октомври и протестите што потоа почнаа заради изборните нерегуларности.
-Поднесувам оставка за нашите браќа и сестри, државни службеници, да не станат цел на напади и закани, рече Моралес во обраќањето што беше емитувано на социјалните мрежи.
Актуелната ситуација во Боливија Моралес ја нарече државен удар.
-Браќа и сестри, сакам да ви кажам дека со ова нашата борба не завршува, ќе продолжиме да се бориме за еднаквост и мир. Сега моја должност, како претседател, е да најдам начин да ја смирам ситуацијата, рече Моралес, пренесен од Тасс.
Претходно командантот на вооружените сили на Боливија, Вилијам Калиман, изјави дека војската му сугерирала на претседателот Моралес да поднесе оставка, за да помогне да се обезбеди стабилност во државата, а тоа го побарале и опозицијата и синдикатите.
„По анализата на внатрешните конфликти во државата, од претседателот на државата побаравме да се откаже од својот претседателски мандат за да се воспостави мирот и да се оддржи стабилноста за доброто на Боливија, рече Калиман пред новинарите, пренесен од британските медиуми.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
