И покрај сите мерки, во Словенија регистрирани рекордни 1.503 новозаразени со коронавирус
И покрај полицискиот час и новите владини мерки, во Словенија е регистриран рекорден број новозаразени со коронавирус – 1.503. Во последните 24 часа биле тестирани 5.891 лице, од кои 1.503 биле позитивни.
„И покрај сите мерки, вирусот сè уште се шири брзо во Словенија и овие бројки се нов рекорд“, наведуваат медиумите.
Бројот на активни случаи во Словенија сега се зголеми на 8.860.
Уште осум лица починаа, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Словенија на 200, пренесува РТВ Словенија.
Во Словенија синоќа имаше полициски час, прв воведен во Словенија откако поранешната ју-република стана независна.
Владата рече дека ќе има повеќе од 1.100 новозаразени, а медиумите се вртеа околу 1.323.
Сепак, дури и најтемните прогнози се покажаа како „мали“ во однос на официјалната бројка од над 1.500 новозаразени лица.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите