Македонија
3. November 2020 - 12:28

И на битолската болница и треба ново возило за брза помош

Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ од Битола за оваа година имаше планирани средства за набавка на нови возила за Итната медицинска помош, но поради пандемијата ги пренаменија за набавка на средства за заштита од Ковид 19.

„Ние набавивме едно возило, тоа е фиат доблото минатата година, инаку имаме 6 комбиња од за кои што можам да кажам дека се застарени, години наназад се возени, и се надевам дека во наредниот период, ние имавме планирано во овој  временски период да набавиме возила за Итната медицинска помош , но голем дел од средствата од нашиот годишен план за набавки го пренаменивме токму за ковид 19 за заштитни средства како за вработените така и за целокупното население. Скративме од други места и средствата ги пренаменивме за заштита од ковид“, рече д-р Весна Спиркоска, директор на Здравствен дом Битола.

Од почетокот на пандемијата до денес работат според протоколите од СЗО и препораките од Министерството за здравство. 

- Поставени се средства за дезинфекција на сите катови. На почетокот имавме поставено и лица кои што вршеа дезинфекција на самите влезови и денес продолжуваме со мерење на температури на сите влезови на сите одделениеја каде што доаѓаат пациентите , еднаш неделно се врши дезинфексција на просториите во Здравствениот дом, рече Спиркоска.  

Исто така имале прераспределување од едни во други служби со цел да одговорат на предизвикот со Ковид 19.