Македонија
26. December 2015 - 16:39

И лажните пасоши се креирани во фабриката за афери

Најмалку една од фалсификуваните патниисправи кои се гледаат на снимките на Фокус од пред 1 година е пронајдена во компјутерот на Захир Бекири викан Чауш. Извори од истрагата потврдија дека во комјутерот се пронајдени и голем број други фалсификати. Со ова се потврдува дека двата случаи на лажни лични карти и фалсификувани пасоши се произведени во Фабриката за афери.  Во комјутерот веќе беа пронајдени податоци од лични карти кои ги презентираше фокус.Според извори од истрагата најголем дел од подготовките за изработка на фалсификатите се турски патни исправи.  Пронајдени се и пасоши од дрги земји но преовладуваат турските, што за лица инволвирани во истрагата било исклучително чувствителен податок кој сериозно треба да се анализира и истражи. Иено турските пасоши немаат некоја цена во Европа и не се посебно вредни доколку се патува кон Запад. Сепак , ситуацијата е сосема различна доколку се оди кон Исток. Веројатно најфрапантно во целиот случај „Фабрика за афери“ е тоа што кај осомничениот  биле пронајдени 70 000 незаконски снимени разговори од политичари и видни личности, со кои веќе почнал да тргува со нив за што му е откриена комуникацијата. Уште по страшен е податокот дека осомничениот Захир Бекири  не располагал само со овие материјали туку со личните податоци на 120 000 граѓани. 

Како што објавивме претходно, извори од истрагата открија дека овие фајлови биле складирани на еден надворешните хард дискови во фолдер именуван „СДСМ- Заев“ фолдерот бил креиран во септември 2015г. Односно по потпишувањето на договорот од Пржино и обврската која ја презеде Зоран Заев за предавање на незаконски стекнатите материјали.  Се работи за разговори кои се дел од необјавените т.н бомби од архивата на Заев, а од комуникациите кои досега се проверени постојат индиции дека имало и намера да бидат продавани во други држави. Дел најверојатно завршиле и кај осомничениот за Шпион Зоран Божиновски кој и самиот на социјалните мрежи се пофали дека  поседува незаконски снимени материјали.