Бизнис
7. January 2020 - 16:35

И денеска се пазари за божиќната трпеза

Телешко , пилешко ,свинско месо, овошје ова  најчесто купуваат граѓаните за Божиќ.  По вчерашниот  посен ден велат  дека денеска трпезата ќе биде мрсна. Забележуваат  дека има зголемување на цените, особено кај месот, но велат  за ваков голем празник секогаш може да се издвојат повеќе пари и да се купи се она што е потребо за Божиќ и за дочек на гости.

Трговците  пак се желат купувачи има , но не како порано. 

Јануари за граѓаните е еден од најдолгите месеци во годината , а  новогодишните и божиќните празници се причина што домашниот буџет се троши уште во првите денови од годината.