И денеска граѓани на Македонија се вакцинираат во Ниш
Започна вториот ден од акцијата за имунизација на македонските стопанственици, што ја организира Стопанската комора на Македонија.
- На граничниот премин „Табановце“, протокот на возила се одвива со континуирана динамика преку 6 коловозни ленти, а процесот на вакцинација во Ниш е започнат навремено. За стопанствениците пријавени преку Стопанската комора на Македонија, а во организација и со поддршка на Стопанската комора на Србија и колегите во Регионалната комора во Ниш, процесот се одвива на посебно договорени пунктови, без застој, соопштија од Стопанската комора.
Се очекува исто како и вчера, повеќе од 1.000 македонски стопанственици да бидат вакцинирани во рамки на акцијата која на организираше Стопанската комора на Македонија заедно со Стопанската комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум.
Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информираше дека на ГП „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути.
Ново на Сител
-
Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи
-
Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари
-
Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско
-
Загина 30 годишна Македонка во сообраќајна несреќа Солун, повредени уште три лица | ВИДЕО
-
Цистерна се извртела на автопатот Градско - Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат
-
Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух
-
Без струја Тирана и повеќе други градови во Албанија
-
Борел: Европа не е целосна без Западен Балкан