Хуманитарни пакети за семејства од ранливи категории во Крива Паланка
Општинската организација на Црвениот крст Крива Паланка додели хуманитарни пакети за десет семејства во социјален ризик од општината.
Акцијата се реализира во посредство со Црвениот крст на Република Македонија, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за управување со одземен имот.
- Општинската организација на Црвениот крст Крива Паланка доби одредена количина запленета стока, која е распределена во хуманитарни пакети, надополнети со прехранбени артикли и средства за хигиена од резервите на нашата општинска организација. Тие се доделени на десетина семејства од ранливи категории, еднородителски семејства и семејства приматели на социјална или постојана парична помош, информира Дарко Пешовски, секретар на Општинската организација на Црвениот крст Крива Паланка.
Тој додаде дека семејствата се детектирани со помош на Меѓуопштинскито центар за социјални работи.
- Делењето хуманитарни пакети продолжува и во наредниот период, а ќе бидат опфатени вкупно 30-тина семјства на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце, истакна Пешовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица