Хуманитарна трка за 70 години централно-банкарски активности во РМ
По повод одбележувањето на јубилејот 70 години централно-банкарски активности во Република Македонија, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Синдикалната организација при НБРМ со поддршка на Општина Аеродром денеска организираат хуманитарна трка.
Трката ќе се одржи на патеката на кејот на реката Вардар, од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) до спортскиот центар „Јане Сандански“ во населба Аеродром. Ќе учествуваат вработени од финансискиот сектор на Република Македонија, а собраните средства ќе се донираат во центрите за деца со посебни потреби. На крајот од трката, во Паркот со езерата, ќе се организира културно-забавна програма и ќе бидат доделени наградите за победниците.
На патеката, покрај хуманитарната трка, ќе се одвиваат и други спортски активности - трчање, возење ролерки и велосипед, како и брзо пешачење.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон хуманитарниот спортски настан.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка