Хуманитарна трка - со собраните средства ќе се набават реагенси за рана детекција на болеста Вилсон
Хуманитарна трка насловена „Подај рака“ ќе се одржи на 3 октомври (во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на Вилсонова болест), и учесниците треба да уплатат 250 денари за котизација. Со собраните средства ќе бидат набавени реагенси за рана детекција на ретката болест Вилсон.
Тестовите овозможуваат рано откривање на болеста што е од пресудно значење за лицата кои носат генетска предиспозиција за тоа, но не се свесни дека се носители на болеста.
Трката, која ја организира Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија, е штафетна – се трчаат пет пати по еден километар.
Вилсонова болест доведува до нарушување на метаболизмот и предизвикува таложење на вишокот бакар на црниот дроб, мозокот и очите. Со оглед на тоа што процесот на таложење на бакарот може да трае со години пред да се манифестираат почетните симптоми, болеста се открива доцна, од 6-20 години, а последиците од ненавремен третман со терапии се фатални за лицето носител на болеста. Со навремено откривање на болеста и редовна (доживотна) терапија, пациентите со Вилсонова болест можат да имаат нормален живот, со минимални диететски рестрикции.
- Во нашата евиденција имаме околу 20 пациенти, додека според статистичките показатели за очекување е на 2 милиони жители да има околу 60-70 заболени. Поради тоа се обидуваме да најдеме средства за да се набават тестови за да можеме што побрзо да ги откриеме овие случаи. Акцијата на собирање средства започнува со штафетната трка и ќе продолжи до конечно собирање на потребната сума, изјави Маја Алексиевска Димиќ, претседател на Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон – Македонија.
Сите заинтересирани граѓани своето учество на трката можат да го пријават на следните линкови https://www.facebook.com/events/524836684339046/ или http://www.atlenit.com/podajraka-wilsonmk.html како и пред почетокот на трката на 3 октомври од 10 часот. Трката стартува во 11 часот на Кејот на реката Вардар во близина на стадионот на АРМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко