Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите
Хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија во државата ќе биде отворен од утре во Скопје. На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства.
Акцијата е во координација на коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и
ИПО Интернационална Полициска Организација.
Главниот координатор на КСОМ, Гоце Делчев Тодев, на денешната прес-конференција најави дека хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во источна Македонија
-Целта ни е што повеќе да собереме материјални и технички средства, гардероба, храна. Тежиштето ни е на Овчеполскиот регион. Ќе биде несериозно да кажам дека можеме да помогнеме за целиот источен регион, но ќе се фокусираме на Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Куманово, потегот кај Старо Нагоричане. Станува збор за 30-тина села и за околу 400 домаќинства. Утре почнуваме со процесот на прифаќање на донации, приафаќаме дури и врати прозорци, ова ќе оди во втората фаза, најави Делчев Тодев.
Претседателот на Меѓународна полициска организација ИПО во Северна Македонија, Ејуп Акија на прес-конференцијата ги повика сите граѓани, сите регионални директори на ИПО низ цела држава и сите членови на ИПО кои што се во можност да помогнат на граѓаните кои настрадаа од пожарите.
Владимир Чолаковски од „Хуманитарни акции.мк“ информираше дека во моментот водат голема Фејсбук кампања за утрешното отворање на овој голем хуманитарен пункт.
-Информирани се сите наши членови и симпатизери. Денеска ќе ги координираме сите кои моментално се во државата од нашето членство и од симпатизерите. Од утре почнуваме да собираме поголеми количини на донации во форма на облека и храна. Лекови веќе имаме собрано и се надеваме дека четири до пет дена ќе се координираме сите со автомобили и со комбиња, да ги однесеме до семејствата. Во источна Македонија треба да се прогласи вонредна состојба, но ние не сме државна организација тоа да го ургираме.
Тој ги повика сите симпатизери од утре да дојдат со своите донации, кои потоа ќе бидат однесени до сите оние семејствата кои се загрозени од пожарите.
Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“ во близина на комуналното претпријатие.
Ново на Сител
-
До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, среда и петок дожд
-
Изгоре товарно возило кај Струмица
-
Одбележување на Европскиот ден на органодонорството
-
Без вода корисниците од повеќе улици во Скопје
-
За една година САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел
-
Загина поранешен фудбалер во поплавите во БиХ, пронајден гушнат со сопругата
-
Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА
-
Опожарен контејнер во скопско Ѓорче Петров