Хуманитарен настан за бездомните животни
Промотивен/хуманитарен настан за собирање донации за помош и заштита на бездомните животни, организира денеска Граѓанската иницијатива Кане Корзо Надеж.
Настанот е од отворен карактер, а поканети се сите кои сакаат животни, доброволци, активисти. Ќе можат да донираат храна, ампули, каква било опрема за кутриња или друго нешто што би можело да биде корисно за бездомните животни.
Уметниците Лидија Стефановска, Светлана Ивановска, Марина Јакшиќ, Жаклина Мучева, Соња Димовска, Алма Идризи, Емили Унева, Ангела Стојановска, Неслихан Сулејман,... ќе имаат изложено свои ракотворби, а 20 отсто од нивната заработка ќе биде донирана за бездомните животни.
Настанот го помага и модниот дизајнер Ирина Тошева заедно со студио Ла Дама. Тие, од сумата собрана од продадените парчиња, ќе донираат 30 проценти за бездомните животни.
Изложена ќе биде и поезијата „Еленот слуша виножито“, донација од издавачката куќа „Три“, со Магдалена Чапаровска.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк