Хуманитарен концерт посветен за естрадниот уметник Момо Николоски

Во салата на хуманитарниот дом Даре Џамбаз во Скопје, на 17-ти февруари годинава, во недела во 18 часот ќе се одржи хуманитарен концерт посветен за естрадниот уметник Момо Николоски, на кому му е потребно скапо лекување во странство, бидејќи боледува од рак на желудникот.
Организатор на овој хуман настан е интерпретаторката Жаклина Узунова, сопруга на легендарниот поп и фолк музичар, професор и композитор Јанко Узунов, кој ненадејно почина во август 2014 година.Хуманитарниот концерт ке се одржи во соработка со Црвениот крст на град Скопје и ке биде насловен” Узун за Момо “на кој што ке учествуваат долгогодишни соработници и пријатели на Јанко Узунов.
Гостите ке можат да уживаат во музиката на учениците на школата за гитара “Узан”, гости ќе бидат и Горан Симевски, Кристијан Демјански млад надежен вокал од Берово, Кирил Узунов, Уни бенд од Валандово,а водителката ќе биде Катерина Стојановска Десковска. Итерес за присуство на концертот има и од други музички имиња кои што сакаат да бидат дел од оваа хуманост.
Жаклина вели дека оние кои во животот се соочиле со болест, своја или на свои блиски, и кои минале низ болничките ходници , најдобро знаат какво е чувството и колку на болните им е потребна помош. Таа смета дека за Николоски, кој во текот на својата децениска кариера добил над 200 пофалници и благодарници поради учества на хуманитарни настани, сега е време јавноста и на пријателите да му се оддолжат и да му помогнат.
-Благодарам на Црвен Крст на град Скопје кој ја отстапи салата каде ќе се случува настанот, и се надева дека естрадата масовно ќе помогне и многу пејачи ќе се пријават да настапат-вели за Вечер Узунова и дополни дека Момо има шансата да се излекува, да си продолжи со животот, а таа шанса му зависи од сите нас, од нашата хуманост.
Таа апелира сите кои што се во можност да дојдат на концертот, влезница нема да платат, но ќе бидат поставени кутии за донации и секој според својата мож ност може да помогне во лекувањето на Момо. Донаци може и на телефоните 143- 462 ВИП и 143- 123 Т-Мобиле..
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
