Југото кој дувал и до 110 километри на час создал проблеми на брегот, островите се отсечени, дел од сообраќајниците затворен, а во прекин се и бројните траекти, бродските и катамаранските линии.
Издадено е црвено и портокалово предупредување, а на удар се Истра, Кварнер, Горски Котар и југот на Хрватска, јави ХРТ.
Во дубровник поради невремето на сила е висок степен на подготвеност. Поради големото количество врнежи можни се и обилни поплави.
Во одредени градови морето ги поплави пристаништата.
Се оечкуваат големи количества дожд - од 50 до 150 литри на квадратен метар, и тоа прво во Далмација, внатрешноста на Далмација и горските краишта Најсилни дождови се очекуваат во текот на денешниот ден.