Хорор во тетовско: Го пикнал во своето “БМВ“, го избодел и го ограбил
Ноќеска, 20 минути по полноќ, во с.Боговиње, тетовско, А.Н. извршил разбојничка кражба над М.И.(33) од с.Добридол, гостиварско.
М.И. со сопственото патничко моторно возило бил паркиран во близина на амбулантата и во еден момент до него се паркирало возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.
Од возилото излегло непознато лице, кое се претставило како А.Н., и го прашал кого чека тука, по што му наредил да влезе во неговото патничкото возило. Откако двајцата влегле во „БМВ-то“, А.Н. насилно му одзел мобилен телефон и 800 денари.
После тоа го стартувал возилото, застанал на друга локација и со нож му нанел повреди на М.Н. во пределот на челото и раката.
М.Н. успеал да излезе од возилото и да побегне. Истиот бил пренесен во Клинички центар Тетово каде му се констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел