Македонија
10. November 2015 - 20:34

ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Навивачи на Ѕвезда избодени по мечот со МЗТ!

Навивачи на Црвена Ѕвезда синоќа биле нападната во скопската чаршија, по завршување на мечот МЗТ Скопје – Црвена Ѕвезда.

Утрово, Министерството за внатрешни работи соопшти дека двајца државјани на Србија вчера биле нападнати во Старата скопска чаршија и дека едниот од нив бил прободен со нож во градниот кош. Телеграф.рс пишува дека бил прободен и друг навивач, во пределот на лицето, под окото.

- Седнавме во ресторан и во рок од две минути се појавија 15-20 лица со ножеви и палки и од нигде никаде почнаа да нè удираат – рекол за Телеграф.рс еден од навивачите.

„Лицата Н.Д. (23) и С.С. (25) од Србија биле физички нападнати од повеќе непознати лица, при што едно од лицата со нож му нанело убодна рана на Н.Д. Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар-Скопје каде што му се констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

нападнати-Срби-во-скопска-чаршија1-450x800

Неколкуте навивачи на Ѕвезда поминале со полесни повреди, а сметаат дека се нападнати од Албанци, наведува порталот Телеграф.рс.

нападнати-Срби-во-скопска-чаршија-449x800