Хорор во Кисела Вода: Еден загинат и петмина повредени
Едно лице загина, а петмина се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа кај Рампа, во скопската населба Кисела Вода.
Несреќата се случила во 23:30 часот меѓу патничко возило „лада“ и патничко комбе со српски таблички.
Во несреќата на самото место починал 31-годишниот Мирче Д. од Скопје кој управувал со ладата, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Д.Д.Б. (19). Тешко повредениот во возило на Брза помош веднаш е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Со телесни повреди се здобиле и возачот на комбето 31-годишниот А.Б., како и сопатниците Б.Ј. (42), М.Б (28) и Х.С (23) кои се пренесени во Градската болница „Наум Охридски“.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на јавен обвинител и екипа на МВР и се работи на откривање на причините поради кои дошло до несреќата.
Фото: Фејсбук - Ѕид на сообраќајниот срам
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо