-->
-->
Хорор на бензинска пумпа во Ченто - вработениот итно пренесен на Ургентен
-->
Разбојништво утрово ги потресе жителите на скопско Ченто. Како што информираат од МВР, утрово околу 02.10 часот во Скопје на улицата „Методија Андонов-Ченто“, на бензинска пумпа непознат маскиран сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со нож од вработените ги одзел парите од дневниот промет. Во еден момент кога еден вработен се обидел да го спречи во намерата, сторителот замавнал со ножот и му нанел удар во близина на десната слепоочница.
Од страна на Итна медицинска помош вработениот бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови
-
Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши
-
Трамп блокираше помош од 50 милиони долари за кондоми за Хамас
-
ЕК одвои една милијарда евра за проекти за развој на нови одбранбени технологии и капацитети
-
Притвор од осум дена за хирургот од Битола осомничен за земање поткуп
-
Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон
-
Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји