Хорор: Чопор од 50 кучиња скитници убија и изедоа жена на плажа

Чопор од 50 кучиња во селото Пулувила во јужна Индија, убија и до половина изедоа жена на возраст од 65 години, која отишла во тоалетот на плажата. Инцидентот се случил во петокот навечер.
Несреќната жена, подоцна идентификувана како Шилуама (65) околу 21 часот тргнала во тоалетот на плажата, зошто дома немала. Тогаш ја опколил чопор бесни кучиња и набрзо ја растргнал.
Кога го слушнал врискањето на мајката, синот истрчал од куќата и се обидел да ја одбрани мајка си од крволочните ѕверки. Меѓутоа псите тргнале и на него, а за да се спаси скокнал во море.

Тогаш на местото на инцидентот се собрало локалното население кое успеало да ги заплаши кучињата и да ги растера, а жената ја префрлиле во медицинскиот центар.
Набрзо починала од здобиените повреди.

неколку часа претходно на истата плажа, само на другиот крај чопор кучиња нападнале друга жена.
-Го губиме трпението. Државата на подрешен начин го спроведува законот за забрана на елиминација на кучињата. Колку од нас треба да умрат за тие да го решат проблемот? Зарем луѓето помалку вредат од кучињата? -прашува еден загрижен мештанин.

Од донесувањето на овој закон до крајот на 2015 година во јужна Индија се нападнати над 100.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
