Loading Video...
Фудбал
3. јуни 2021 - 11:23

Холандија се спаси од пораз во дуелот со Шкотска, а Австрија минимално загуби на гостувањето кај Англија

Како и македонската репрезентација така и другите учесници на ЕУРО играат подготвителни натпревари. 
 
Ги издвојуваме оние на нашите противници во случајот Холандија и Австрија. 
 
Фаворитот во нашата група Холандија одигра без победник 2-2 против селекцијата на Шкотска. 
 
Дека Холанѓаните не се неранливи потвирдува и текот на мечот во кој Шкотска со головите на Хендри во 11-тата и Нисбет во 64.минута во два наврати имаше предност. 
 
Сепак. Клучен играч во составот на „лалињата“ беше Депај кој со двата гола 17-та и претпоследната 89-та минута ја спаси Холандија од пораз постувајќи ги  конечните 2-2 на натпреварот.
 
Следниот тес Холанѓаните ќе го имаат на 6 јуни кога ќе ја пречекаат селекцијата на Грузија. 
 
Репрезентацијата на Австрија против која ќе го играме и првиот натпревар на Европскиот шампионат, на гостувањето кај Англија беше поразена со 1-0 и тоа со голот кој го постигна Сака во 57 минута.
 
Сепак во продолжението Австријците имаа неколку одлични шанси за гол, а еднаш ја погодија и пречката.
 
Последниот тест за нив пред дуелот со Македонија, закажан за 13 јуни, ќе биде репрезентацијата на Словачка со која ќе играат во недела.