Хојт Ји на средби со партиските лидери
Заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји денеска во Скопје ќе има средби со лидерите на партиите потписнички на договорот од Пржино.
Американскиот дипломат, како што потврдија партиски извори, попладне во просториите на Амбасадата ќе има одделни средби со лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ДПА Мендух Тачи и на ДУИ Али Ахмети.
Заменик помошникот државен секретар Ји доаѓа во земјата во време на политичка криза и закажани избори на 5 јуни на кои се пријави само ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а чие спроведување денеска со времена мерка го запре Уставниот суд.
Последен пат Ји во Македонија беше во март, годинава. Тема на неговите средби со македонските политички лидери тогаш беше спроведувањето на договореното од Пржино и подготовките за предвремените парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии
-
Бугарското МНР со порака до Скопје: Процесот на интеграција се заснова на заслуги, посредувањето не е дозволено
-
БиХ брои жртви по катастрофалните поплави
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење