Хоџај: Србија подмитува и шверцува оружје за повлекување на признавањата на Косово

Потпретседателот на косовската влада во оставка Енвер Хоџај изјави дека актуелните власти во Србија, во нивните напори за негирање на независноста на Косово, продолжуваат да ги користат методите на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хоџај, кој претходно беше и министер за надворешни работи на Косово, истакна дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ се служат со корупција и илегална продажба на оружје, со цел да убедат некои од државите во светот да го повлечат признавањето на независноста на косовската држава.
– Лобирачката кампања против Косово по пат на корупција и илегална продажба на оружје и преку слични злосторнички дејствија сега веќе се потврдува и од самиот Белград. Типично за еден авторитарен режим како овој на Вучиќ и на советскиот пион Дачиќ, кои ја продолжуваат политиката на Милошевиќ во однос на Косово, напиша Хоџај на својот Твитер.
Поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ почина во Хаг, во притворот на Меѓународниот суд на Обединетите нации за воени злосторства во поранешна Југославија, додека му се судеше за геноцид и други злосторства во војните од 90-тите години од минатиот век во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Косово.
Ново на Сител
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
-

Истрага против три лица за загрозување на животната средина со отпад во Охрид
-

„Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
-

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век
-

САД и Данска постигнале напредок во спорот околу Гренланд, договорот ќе се потпише следната недела во Њујорк
-

Челзи претрпе тежок пораз од Брентфорд во Премиер лигата
