Хоџа – Ахмети: Нема суштински разлики меѓу економските програми на ДУИ и СКСЗМ

Владеење на правото, транспарентност и отчетност, намалување на нерамномерниот регионален економски развој, како и намалување на невработеноста, се клучните столбови на економската плтаформа на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) што денеска беше презентирана пред раководството на ДУИ.
Членките на Комората на средбата укажаа дека бараат и максимална нивна вклученост при донесувањето на законите.
Посебен акцент во разговорите беше ставен на инфраструктурното уредување на зоната Визбегово, на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, како и на отворањето на царинскиот терминал во Јажинце.
Како што изјави претседателот на СКСЗМ, Неби Џоџа, во пресрет на предизборниот период пракса е Комората да остварува консултативни средба со политичките партии.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја оцени средбата како задоволителна и рече дека нема суштински разлики меѓу Платформата на СКСЗМ и економската програма на ДУИ.
-Уште еднаш апелирав до Комората за комуникација, соработка и идеи во сите области поврзани со развојот на земјата, така што останува сите покренати прашања да бидат интегрирани во програма со која ќе бидат согласни страните, истакна Ахмети.
Минатата недела СКСЗМ во своите простории одржа работен состанок и со претставници на Алијанса за Албанците, а претходно имаше средба и со економскиот тим на СДСМ, предводен од Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
