Loading Video...
Кошарка
25. April 2019 - 18:35

Хјустон обезбеди конференциско полуфинале, нов пораз на Голден Стејт од ЛА Клиперс

Тимот на Хјустон обезбеди пласман во полуфиналето на Источната конференција. 
 
„Ракетите“ синоќа пред својата публика го совладаа Јута со 100-93  и ја забележаа четвртата победа во меѓусебните пресметки со која се изборија за полуфинале, а во него за противник ќе го имаат подобриот од дуелите меѓу Голден Стејт и ЛА Клипер, екипи кои ќе играат шести меч. 
 
Имено. Синоќа, шампионот Голден Стејт одново загуби пред домашната публика од Клиперси, сега со 129-121 со што гостите од Лос Анџелес го намалија водството на   „Воините“ на 3:2 во победи, а следниот меч ќе го играат на домашен терен во „Степлс Центар“.
 
Ноќеска во 2 часот по полноќ, шестиот меѓусебен дуел под четвртфиналето ќе го одиграат Сан Антонио и Денвер  во кој домаќините „Спарси“ влегуваат со предност од 3:2 во победи.