-->
-->
Хјуман рајтс воч ја повика Москва да ја истражи информацијата за смртта на цивили
-->
Хјуман рајтс воч ја повика денеска Москва да ја истражи информацијата за смртта на 59 цивили при воздушните напади во Сирија, кои според локални жители се нанесени од руски авиони, јави ДПА.
Во еден од воздушните напади врз куќа во енклава контролирана од бунтовници северно од градот Хомс, загинале 46 лица од едно семејство, вклучително 32 деца.
Вториот воздушен напад уништил пекарница, при што загинале 13 лица и бунтовнички лидер.
Сирискиот центар за набљудување на човековите права, кој го следи текот на конфликтот преку мрежа од активисти, соопшти дека на 15 октомври во напад на руски авиони и сириски артилериски оган, загинале 60 лица, вклучително 17 бунтовници и 30 жени и деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Забрана за движење на повеќе патни правци