Херој од Париз: Ова момче се фрлило на дождот од куршуми за да спаси луѓе
Лудовик Бумбас се наоѓал во кафулето со пријателите, кога терористот отворил оган на гостите. Лудовик, кој пријателите го нарекувале Лудо, веднаш се фрлил пред напаѓачот, но не успеал да ги спаси своите пријателки Худа и Халима Саади.
Приказната за тоа како храброто момче се фрлило пред дождот од куршуми на фанатичните терористи ја објавил Le Parisien.
"Лудо се фрли за да ја заштити девојката и прими куршум. Сакаше да патува низ светот и ги сакаше луѓето. Беше еден од оние, многу, многу добри луѓе", рекол еден негов пријател.

Во нападот на кафулето ""Belle Equope" загинале вкупно 19 лица.
Потсетуваме, во серијата напади во Париз во петокот навечер, меѓу кои бил и нападот на споменатото кафуле, загинале повеќе од 100 лица. Лидерите на државите изјавиле дека овие напади се "напади на човештвото" и ветиле дека Франција ќе ја добие потребната помош.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, во обраќањето до јавноста прогласил војна, а вчера француските воени сили ги засилиле нападите на метите на Исламската држава.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
