Хасани поднесе тужба против Таравари за навреда
Заменик министерот за одбрана и претседател на огранокот на ДУИ Гостивар, Башким Хасани денеска поднесе тужба за навреда и клевета против градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари.
Хасани, преку овластен адвокат тужбата ја поднесе до Основен суд Гостивар со која бара отштета од 250 илјади денари за навреда изнесена во пост на социјалната мрежа Фејсбук.
Според Хасани, со коментарот „Политичката мафија во Гостивар пред неколку дена беше фатена со 100 килограми марихуана, имаат ли овие луѓе кредибилитет да зборуваат за училиштата“ и објава на фотографија на која тој со еден од осомничените за шверц на 100 килограми марихуана, Таравари му ги нарушил угледот честа.
– Сакам да ја поздравам акцијата на МВР и повикувам виновниците да се казнат откако ќе се утврди нивната вина. Можам да ја разберам неговата политичка спротивставеност и делување, но личното напаѓање, не. Во ваквиот ставм не му веруваат ниту најблиските соработници. Со ваквата постапка Таравари покажа дека неговото ментално здравје е нарушено и треба да побара медицинска помош од неговите колеги. Не можам на друг начин да го толкувам оваа постапка и уаптено обвинување, рече Хасани.
Градоначалникот Таравари за тужбата и обвинувањата за МИА рече дека не чувствува никаква вина за изнесеното и дека ќе очекува случајот да излезе до крај на виделина.
– Очекував да одат во суд да бараат правда за настаните во кои се вмешани нивни сопартијци. Не се плашам од тужбата и ќе продолжам да делувам во интерес на граѓаните и правдата. Впрочем тие се сликаат со осомничени, не јас, рече Таравари.
Минатата недела, од огранокот на ДУИ го обвинија Таравари дека со начинот на работа придонел да доцнат ноемвриските плати за вработените во образованието. На тоа, како одговор преку објава на Фејсбук Таравари упати контра обвинување.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила