Харадинај: Специјалнот суд не е доведен во прашање

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Приштина ја поддржува работата на Специјалниот суд за извршени воени злосторства од страна на припадници на поранешната Ослободителна војсха на Косово (ОВК).
Харадинај за Дојче веле изјави дека лично ќе се јави доколку биде обвинет, нагласувајќи дека смета оти Судот го „враќа регионот назад“.
- Судот постои, тој беше создаден со уставен амандман и не е доведен во прашање. Во минатото, Косово ги исполни своите обврски во однос на меѓународното и националното право. Нема сомневање дека Косово ќе остане посветено на овие обврски. Иницијативата што постои во Парламентот не е одлука. Тоа е иницијатива на пратениците, додаде Харадинај, нагласувајќ дека не верува оти иницијативата за укинување на Судот ќе помине во косовското Собрание.
Тој посочи дека постои загриженост во врска со Судот кај многу луѓе на Косово, кои сметаат дека е неправедно да се разгледаат само одделни злосторствата, а не се што се случило. Сепак, според него, не постои страв од Судот.
На директното прашање дали ќе одговори на тужба на Судот ако биде обвинет, Харадинај изјави кусо „да“.
- Верувам дека фактот што поранешните припадници на ОВК се враќаат на обвнтелна клупа, дваесет години по војната, може да ги разбуди чувствата на ОВК и војната. Во текот на нашите животи, кога ни е потребен одржлив мир - да простиме, но и да не заборавиме - и да гледаме во иднината, но со ова се враќаме во минатото, оцени Харадинај.
Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави вчера го повтори ставот на Вашингтон дека е против укинувањето на Специјалниот суд за воени злосторства и посочи дека и граѓаните на Косово не ја подржуваат иницијативата за укинување на Судот.
Меѓународните претставници во континутет ги предупредуваат косовските власти дека доколку се случи да биде укинат Судот, тоа ќе има сериозни последици за иднината на Косово како дел од Европа.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
